Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Русија тврди дека Украина ја нападнала резиденција на Путин, Киев негира
    Свет

    Русија тврди дека Украина ја нападнала резиденција на Путин, Киев негира

    29/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во северна Русија, оценувајќи дека ваквиот потег ќе влијае врз преговарачката позиција на Москва. Украина ги отфрли обвинувањата и ги нарече целосна лага.

    Според тврдењата на Русија, украински сили ноќеска лансирале 91 беспилотно летало со долг дострел кон претседателската резиденција во регионот Новгород, кои биле соборени од противвоздушната одбрана. Лавров изјави дека нема повредени лица и дека не е причинета материјална штета.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги негираше руските наводи, тврдејќи дека Москва ја користи ситуацијата како изговор и дека подготвува основа за можни напади врз владини објекти во Киев. Според него, станува збор за обид да се саботираат мировните преговори.

    Засега нема потврда дали Путин во моментот на наводниот напад се наоѓал во резиденцијата „Долгие бороди“, која во минатото ја користеле и советските лидери Сталин, Хрушчов и Елцин. Лавров најави дека руската војска веќе утврдила цели за можни одмазднички напади, оценувајќи го инцидентот како акт на државен тероризам.

    Тој додаде дека нападот се случил во чувствителен момент, за време на разговорите за можен мировен договор за Украина, нагласувајќи дека Русија нема целосно да се повлече од преговорите, но дека нејзиниот став ќе биде повторно разгледан.

    Поврзани вести:

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    22/10/2026

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    22/10/2026

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.