Рускиот дипломат Родион Мирошник го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се потсмева на чувствата на милиони Украинци и на сеќавањето на сопствениот дедо кој се борел против нацистите.
Реакцијата следува по одлуката останките на Евгениј Коновалец, еден од историските лидери на Организацијата на украинските националисти, да бидат повторно погребани во Украина.
Мирошник тврди дека Зеленски создава, како што рече, „пантеон“ на личности кои Москва ги смета за соработници на нацистите. Посмртните останки на Коновалец на 11 август беа ексхумирани од гробиштата во Ротердам за да бидат пренесени и повторно погребани во Украина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
