Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Русија и Украина се договориле за размена на војници
    Свет

    Русија и Украина се договориле за размена на војници

    24/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Истанбул се одржа третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, а главниот резултат од преговорите е договор за продолжување на размената на војници, но и цивили, пренесе Тас.

    Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската делегација на преговорите, Владимир Медински, по третата рунда изјави дека Русија ѝ понудила на Украина размена на најмалку 1.200 воени заробеници од двете страни, како и Киев да го разгледа прашањето за кратки прекини на огнот од 24 или 48 часа за да се преземат ранетите и телата на загинатите војници.Русија понудила да ги предаде телата на уште три илјади украински војници, додавајќи дека Москва досега ги вратила телата на повеќе од 7.000 украински војници на Киев, но додал и дека ќе продолжат неограничените медицински размени на тешко ранети и болни лица на борбената линија.

    Медински навел дека руската делегација понудила Украина да формира три работни групи кои би работеле онлајн.

    Тој додал дека санитарните екипи од двете страни се изложени на преголем ризик во „сивата зона“ на фронтот.

    Двете страни разговараа за прашањето за враќање на цивилите раселени како резултат на воените операции.

    Зборувајќи за ставовите изнесени во меморандумите за време на претходните рунди, Медински рече дека тие се многу оддалечени еден од друг и изрази надеж за оперативни контакти со украинската страна не само на ниво на делегации, туку и на ниво на работни групи.Медински рече дека не сите раселени жители од руската Курска област се вратени дома, туку дека 30 од нив се притворени „од непозната причина“, и оти Киев мора да го разјасни нивниот статус.

    Тој наведе дека сите хуманитарни договори од втората рунда се исполнети.

    Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и шеф на украинската делегација на преговорите, Рустем Умеров, по состанокот изјави дека Украина продолжува да инсистира на целосен и безусловен прекин на огнот како неопходна основа за ефикасна дипломатија.

    – Подготвени сме за прекин на огнот сега и за почеток на значајни мировни преговори. И од двете страни зависи да се согласат околу овој основен чекор кон мир. Нагласуваме дека прекинот на огнот мора да биде искрен. Мора да вклучува целосен прекин на нападите врз цивили и критична инфраструктура. Можни се вистински чекори – и секоја страна мора да покаже конструктивен и реалистичен пристап, рече Умеров.

    Пред почетокот на преговорите, се одржа состанок само меѓу Умеров и Медински.

    Во палатата Чираган, каде што се одржаа преговорите, присутни беа и турски функционери.

    Поврзани вести:

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.