Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот според најновата листа на Форбс, со вкупна заработка од околу 300 милиони долари во изминатите 12 месеци.
Португалската фудбалска ѕвезда четврта година по ред го држи првото место и по шести пат во кариерата се искачи на врвот на оваа престижна листа. Најголемиот дел од приходите, околу 235 милиони долари, доаѓаат од договорот со саудискиот клуб Ал-Наср, додека дополнителни 65 милиони долари заработил преку спонзорства, реклами и други деловни активности.
Со оваа заработка, Роналдо го изедначи рекордот на боксерот Флојд Мејведер за најголема годишна заработка регистрирана од Форбс од 1990 година наваму, а се израмни и со легендарниот Мајкл Џордан по бројот на први места на листата.
Меѓу најплатените спортисти годинава се најдоа и Лионел Меси со 140 милиони долари, Леброн Џејмс со 137,8 милиони долари, како и јапонската бејзбол ѕвезда Шохеи Охтани со 127,6 милиони долари.
Форбс објави дека десетте најплатени спортисти во светот заедно заработиле рекордни 1,4 милијарди долари, а сите од првата десетка ја надминале границата од 100 милиони долари годишна заработка.
