Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Ристовски: Спортот е двигател на здраво и просперитетно општество
    Спорт

    Ристовски: Спортот е двигател на здраво и просперитетно општество

    10/09/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“ денеска ја истакна улогата на спортот како клучен фактор за здраво, современо и просперитетно општество. Настанот, под покровителство на Министерството за спорт на Република Македонија, собра министри, спортски функционери и делегати од регионот.

    „Овој самит не е само формален настан, туку платформа за заеднички визии, размена на искуства и градење нови партнерства. Преку регионална соработка и поддршка од институциите, спортот ќе биде двигател на здраво, современо и просперитетно општество“, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во воведното обраќање.

    Во рамки на самитот, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски најави поголеми инвестиции во спортската инфраструктура низ целата држава, како и нови законски измени за финансиски олеснувања при инвестирање во спортот.

    На панелот „Спонзорства во спортот: Како до профитабилни партнерства“, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика компаниите да вложуваат во спортот, истакнувајќи дека инвестициите во училишниот спорт создаваат дисциплинирани и победнички ориентирани граѓани и потенцијални квалитетни работници за компаниите.

    Присутните беа инспирирани и од мотивирачката приказна на фудбалската легенда Горан Пандев, кој ја потенцираше важноста на спортот.

    Првиот панел „Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех“ донесе дискусија меѓу министрите за спорт од Македонија, Србија и Црна Гора, кои се согласија дека регионалната соработка е клучна за развој на инфраструктурата, младите таленти и заедничката визија за иднината на Балканот.

    Самитот продолжува со девет панели на теми од областа на спортот, со цел размена на искуства, поттик на регионална соработка и истакнување на улогата на спортот во современото општество.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.