Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров продолжува да привлекува внимание со одличните настапи, но неговиот тренер во Црвена Звезда, Алберт Риера, предупреди дека преголемиот број натпревари за краток период може сериозно да влијае врз неговото здравје.
Гаштаров во изминатите два месеци се избори за место во првиот тим на српскиот шампион, а неодамна го запиша и своето деби за сениорската репрезентација на Македонија.
Иако добива пофалби за формата и талентот, Риера смета дека динамиката со која настапува е преголем ризик.
„Погледнете го примерот со Гаштаров. Тоа не е нормално. Зборуваме за момче кое до пред два месеца воопшто немаше сениорски натпревари, а од 30 август до 30 септември одигра 10 меча, сите по 90 минути. Тоа е премногу. Потоа се прашуваме зошто доаѓа до тешки повреди. Телото едноставно не може да го издржи таквиот напор и интензитет на највисоко ниво“, изјави Риера.
Тренерот на Црвена Звезда порача дека е неопходно внимателно да се дозира оптоварувањето на младите фудбалери за да се избегнат сериозни повреди и да им се овозможи правилен развој.
