Во возило на Граничниот премин Табановце Царинската управа при контрола пронајде и заплени половина милион евра, што е досега рекордна сума.
Директорот на Управата, Бобан Николовски соопшти дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во минибус, сопственост на туристичка агенција од Албанија во кој биле превезувани седум патници
– Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот е државјанин на Албанија и веќе има изречено судска пресуда во судот во Куманово – рече Николовски.
Парите се откриени со скенер, кој утврдил преправка на возилото.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
