Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, предупредувајќи дека таков потег би можел да предизвика голем конфликт на Блискиот Исток.
Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан, вчера разговарал со своите колеги од Иран, Оман и Турција. Саудиска Арабија се изјаснила дека ќе одбие да го отстапи својот воздушен простор за евентуални американски напади.
Регионалните лидери стравуваат дека улични протести и насилна промена на власта во Иран би можеле да доведат до нестабилност, па дури и до распад на државата, што би создало опасен преседан во регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
