Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“, на кој беше регистрирано жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти директорот на Светската здравствена организација. Според СЗО, биле потврдени 12 случаи на инфекција и еден поврзан случај, при што три лица починале.
Бродот испловил од Ушуаја на 1 април и посетил повеќе острови во Јужниот Атлантик пред да пристигне во Европа. По евакуацијата на патниците во Тенерифе, крузерот на 18 мај пристигнал во Ротердам, каде преостанатиот екипаж бил ставен во карантин.
Од 2 мај досега не се регистрирани нови случаи ниту нови смртни случаи, а здравствените власти оценуваат дека состојбата е стабилна.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
