Танкер што пловел во близина на брегот на Катар бил погоден од повеќе проектили, при што има загинати и повредени лица, соопшти британската агенција за поморска безбедност UKMTO.
Инцидентот се случил на околу 51 наутичка милја, односно приближно 94 километри северно од катарскиот брег, во близина на градот Мадинат ал-Шамал.
Од UKMTO информираат дека бродот пријавил оштетувања предизвикани од повеќе ракети, но засега нема потврдени информации за видот на проектилите, нивното потекло или за сторителите на нападот.
Во нападот има човечки жртви, но бројот на загинати и повредени, како и тежината на нивните повреди, сè уште не се официјално објавени. Исто така, не се познати ниту името на танкерот, знамето под кое плови и неговата крајна дестинација.
По инцидентот, надлежните поморски служби и меѓународните институции започнаа истрага со цел да се утврдат сите детали и причините за нападот.
