Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»„Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво
    Свет

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    20/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Цените на авионските билети во Европа би можеле да се зголемат за меѓу 10 и 20 проценти во текот на следната година, предупреди извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири.

    „Очекувам цените на авионските билети во Европа да пораснат за 10, 15, па можеби дури и 20 отсто во текот на следните 12 месеци“, изјави О’Лири на прес-конференција во Брисел, пренесува „Ројтерс“.

    Според него, главната причина за очекуваното поскапување е наглиот раст на цените на авионското гориво, предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток. Тој посочи дека тоа дополнително ги намалува профитните маржи на авиокомпаниите кои претходно не ги заштитиле своите трошоци за гориво преку хеџинг-договори.

    О’Лири нагласи дека „Рајанер“ и дел од другите европски авиопревозници имаат добро обезбедени позиции за 2026 година, но оцени дека повеќето компании имаат многу ограничена заштита за периодот по април 2027 година.

    Тој објасни дека на почетокот на конфликтот, кон крајот на февруари, „Рајанер“ имал обезбедено 80 проценти од потребните количини гориво по цена од 67 долари за барел, со што бил покриен периодот до март 2027 година.

    За следната година, пак, компанијата има обезбедено само 15 проценти од потребите за гориво по цена од 85 долари за барел, што, како што посочи О’Лири, сè уште е значително под актуелните пазарни цени.

    На прес-конференцијата во Брисел, првиот човек на „Рајанер“ најави и дека компанијата ќе укине 20 авиолинии и повеќе од еден милион седишта од зимскиот распоред во Белгија. Причината, според него, е планираното зголемување на таксата за воздушен сообраќај во земјата, која од јануари ќе се зголеми од два на седум евра.

    Поврзани вести:

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    авион билети гориво лет рајанер
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    20/10/2026

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    20/10/2026

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.