Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Студеничани е тешко повреден при несреќа на работното место во Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје бил донесен А.К. (49) со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, несреќата се случила околу 15:00 часот, додека работникот извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Карпош. Во еден момент му се слошило, по што паднал од висина.
Работникот бил пренесен во болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
За случајот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а надлежните институции преземаат мерки за расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
