Работник се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, несреќата се случила на 17 август околу 17:50 часот, кога патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од селото Слатино, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово.
Во моментот на несреќата, повредениот извршувал работни задачи во плац на правен субјект во Тетово.
Во несреќата И.Љ. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.С. и неговиот 19-годишен сопатник Е.И., исто така од селото Слатино, се здобиле со телесни повреди.
Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за несреќата се утврдуваат.
