Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Работнички го врати искусниот стопер Егзон Белица
    Спорт

    Работнички го врати искусниот стопер Егзон Белица

    21/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Искусниот стопер Егзон Белица повторно се врати во Работнички. Клубот денеска официјално соопшти дека е постигнат договор со 35-годишниот дефанзивец, кој веќе го одработи и својот прв тренинг со тимот.

    Стружанецот не е непознато име за „романтичарите“, откако настапуваше за Работнички во сезоните 2010/2011, 2023/2024 и 2024/2025. Летово беше дел од масовното заминување од клубот, иако беше еден од клучните играчи во екипата што го освои третото место и избори настап во квалификациите за Конференциската лига.

    Минатата сезона Белица одигра 30 натпревари, постигна два гола и заработи шест жолти картони. Под негово водство одбраната не претрпе пораз во првите 13 кола, а на полусезона единствениот пораз беше на гостувањето кај Струга. Сезоната ја заврши со вкупно седум порази, од кои на последните два не настапи.

    По заминувањето од Работнички, Белица се пресели во Шкендија, каде што имаше споредна улога и запиша само шест настапи – пет во Првата лига и еден во Купот, без минути во европските натпревари.

    Работнички, пак, ја заврши есенската полусезона со само седум освоени бодови и се наоѓа на претпоследното место на табелата, сериозно загрозен од испаѓање во Втората лига, каде што не настапувал од сезоната 1997/1998. За разлика од минатата година, кога на полусезона имаше само еден пораз, оваа сезона тимот веќе запиша дури 11.

    Во зимскиот преоден рок клубот се засили со неколку нови имиња, но се раздели и со поголем број фудбалери од составот што не ги исполни очекувањата, во обид да се стабилизира ситуацијата и да се избори опстанок во елитата.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.