Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Прв случај во Европа годинава регистриран во Македонија, расте бројот на заболени
    Република

    Прв случај во Европа годинава регистриран во Македонија, расте бројот на заболени

    27/07/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија годинава го регистрираше првиот случај на западнонилска треска во Европа, а бројот на заболени во земјава до 27 јули достигна осум лица, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.

    Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вирусот досега е потврден во 35 региони во шест европски држави – Италија, Грција, Романија, Македонија, Шпанија и Франција. До 22 јули биле пријавени 81 случај, од кои најголем број во Италија – 46, потоа во Грција – 21, додека Македонија и Романија имале по пет случаи во тој период.

    Во меѓувреме, бројот на заболени во Македонија се зголемил на осум. Од нив, седум случаи се лабораториски потврдени, а еден е класифициран како веројатен.

    Шест од случаите се автохтони, односно инфекцијата е стекната во земјава, и се регистрирани во Скопје и Велес. Кај едно лице од Скопје е утврдено патување во Грција, но периодот на инкубација укажува дека заразувањето можело да се случи и во Македонија.

    Најзагрозена група се повозрасните лица. Од осумте заболени, седум се мажи, а една е жена. Шест пациенти се постари од 60 години, а двајца се на возраст од 50 до 59 години.

    Особено загрижува фактот што сите заболени развиле невроинвазивна форма на болеста, односно најтешка клиничка манифестација, поради што сите биле хоспитализирани. Кај пет пациенти симптомите се појавиле во јули, кај двајца во јуни, а кај еден уште во мај.

    Западнонилската треска во Македонија првпат е регистрирана во 2011 година. До крајот на 2025 година биле евидентирани 54 лабораториски потврдени случаи и пет смртни исходи поврзани со ова заболување.

    Вирусот се пренесува преку убод од заразен комарец, најчесто од родот Culex, кој претходно се инфицирал преку диви птици. Болеста вообичаено не се пренесува од човек на човек, освен во исклучително ретки случаи поврзани со трансфузија на крв или трансплантација.

    Кај околу 80 проценти од заразените инфекцијата поминува без симптоми. Кај останатите најчесто се јавуваат треска, главоболка и замор, додека мал процент развиваат сериозни невролошки компликации, како воспаление на мозокот и мозочните обвивки или парализи.

    Бидејќи не постојат специфична терапија и вакцина за луѓето, здравствените власти апелираат на превенција од убоди од комарци.

    ИЈЗ оценува дека во земјава засега има спорадични случаи, но поради климатските промени, зголемената бројност на комарците и честите патувања во ризични подрачја, постои можност за појава на нови заболени во текот на сезоната.

    Од Институтот препорачуваат општините редовно да спроведуваат дезинсекција, да се засили контролата над комарците и лекарите навремено да бидат информирани за можната појава на болеста.

    На граѓаните им се советува да користат средства за заштита од комарци, да носат облека со долги ракави и ногавици, да поставуваат мрежи на прозорците и да избегнуваат престој на отворено во периодите кога комарците се најактивни – во зори и самрак.

    ИЈЗ информира дека располага со реагенси за лабораториско тестирање на вирусот и дека состојбата постојано се следи преку системот за надзор на заразни заболувања.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.