Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Протестите во Бугарија вродија со плод, бугарскиот премиер поднесе оставка – падна владата кај источниот сосед
    Свет

    Протестите во Бугарија вродија со плод, бугарскиот премиер поднесе оставка – падна владата кај источниот сосед

    11/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата на Бугарија денеска падна, откако премиерот Росен Жељазков поднесе оставка под притисок на масовните протести и тешката буџетска ситуација. Оставката беше најавена непосредно пред гласањето за интерпелацијата поднесена од опозицијата, иако самиот Жељазков изјави дека очекувал иницијативата за недоверба да не помине.

    Жељазков рече дека владата ја донела одлуката во согласност со „гласот на народот“ и протестите што со денови ги полнеа улиците на Софија и другите градови, каде десетици илјади граѓани бараа оставка и повисоки приходи, обвинувајќи ја власта за ароганција и отуѓеност.

    По неговата изјава дека кабинетот колективно се повлекува, сепак беше спроведено гласањето за недоверба, во согласност со процедурите. За пад на владата гласаа 106 пратеници од ПП-ДБ, „Преродба“, „Величе“ и МЕЧ. Пратениците од ГЕРБ, БСП и „Има Таков Народ“ одлучија да не гласаат.

    Оставката доаѓа во чувствителен момент, пред планираниот влез на Бугарија во еврозоната на 1 јануари. Дел од опозициските партии, како и претседателот Румен Радев, остро се противат на воведувањето на еврото и бараа распишување референдум, но иницијативата беше одбиена. Радев синоќа им се обрати на граѓаните, истакнувајќи дека незадоволството е „масовно и оправдано“, критикувајќи ја власта за обиди да го релативизира протестниот бран.

    Неизвесно останува дали земјата ќе оди на нови предвремени избори или ќе се обиде да состави ново парламентарно мнозинство.

    Поврзани вести:

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    22/10/2026

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    22/10/2026

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.