Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Обвинителството со нови материјални докази
    Република

    Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Обвинителството со нови материјални докази

    03/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судскиот процес поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

    На претходното рочиште, Обвинителството презентираше обемна документација која се однесува на објектот, неговата сопственичка структура и правното и фактичкото движење на имотот, односно целокупната историја на објектот во кој функционирала дискотеката „Пулс“.

    Во судницата беа изведени документи поврзани со урбанистичките планови, геодетски елаборати, барање за легализација од 2011 година за дел од објектот кој бил воден како бесправен, како и записници од извршени инспекциски надзори. Презентирани беа и договор за закуп, документи за легализација, како и записник за одземени предмети и документација пронајдена по пожарот.

    Обвинителството презентираше и фотографии од внатрешноста на дискотеката по реновирањето, обезбедени од вештачење на мобилниот телефон на првообвинетиот Дејан Јованов, при што беше нагласено дека за тие материјали не постои официјална документација.

    Дополнително, беа изнесени и документи поврзани со Општина Кочани, меѓу кои записници од вонредни надзори во кои се констатирани неправилности – објектот со одобрение за лесна индустрија со години бил користен како угостителски објект, односно дискотека, без одобрение за пренамена.

    Исто така, беа презентирани и барања за неиздавање лиценца за работа од 2012 година, како и комуникација меѓу Општината и Министерството за економија во врска со статусот на објектот и неговата намена.

    Одбраната реагираше дека дел од доказите се прибавени на незаконит начин и побара тие да не бидат прифатени, оспорувајќи ја нивната процесна валидност.

    Обвинителството изведе и записник за одземени предмети по пожарот, меѓу кои лични документи, лаптопи, каса со пари, како и 140 билети за влез во дискотеката „Пулс“. Презентирани беа и договор за патролно обезбедување меѓу фирмата „Рубикон секјурити солушнс“ и „ММММ Кафе ДООЕЛ“, како и записници од инспекциски надзори за безбедност и здравје при работа.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на државата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.