Во Албанија синоќа продолжија протестите против Владата. Лидерот на опозициската Демократската партија, Сали Бериша ја обвини владата дека е „најсрамниот и најраспаднатиот режим во Европа и светот”.
Бериша рече дека режимот предводен од премиерот Еди Рама се темели на измама, пропаганда и измислици, додавајќи дека „каде и да го допрете, тече кражба и само кражба на Албанците”.
Тој повика за отпор и промени, нарекувајќи ја 2026 година „година на антидиктатурата” и година на победата на граѓаните против автократијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
