Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со изведување докази на обвинителството, при што обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел.
– Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре – беше кажано на денешното судење.
Во судницата потоа беше соопштено дека е повикана Брза помош, затоа што на еден од обвинетите не му било добро, по што е дадена пауза.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
