ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 20-годишниот Ш.А. од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите од полицијата, на 21 јуни 2026 година во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички го нападнал својот 74-годишен дедо, откако претходно од него побарал пари, но не ги добил.
По нападот, според пријавата, младото момче упатувало и закани кон својот дедо.
Од ОВР Кочани информираат дека се преземени мерки за целосно расчистување на случајот, по што е поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
