При претрес спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“, затворските служби пронашле и одзеле 92 кесички со прашкаста материја, како и дигитална вага.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 10:26 часот во СВР Скопје, а претресот бил извршен околу 08:00 часот во затворот.
Пронајдената материја е предадена на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, која ќе спроведе понатамошни проверки и вештачења.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
