Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Премиерот Мицкоски бара јасни гаранции пред продолжување на ЕУ преговорите
    Политика

    Премиерот Мицкоски бара јасни гаранции пред продолжување на ЕУ преговорите

    02/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од претстојната средба со високиот европски претставник и за можноста за поместување на ставовите на Владата во однос на уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски истакна дека нема да поддржи, како што рече, „авантура без извесен крај“, доколку не добие гаранции дека во иднина нема да има нови условувања од бугарска страна.

    „Многу пати сме дале став по тоа прашање и нашиот став е непроменлив. Немам намера како претседател на Владата да поддржам авантура без извесен крај. Сакаме да го изодиме процесот брзо, но не со неизвесен исход. Три и пол децении сме сведоци на политички авантури и стоиме во исто место“, изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека процесот мора да биде двонасочен и дека е потребно градење меѓусебна доверба меѓу страните. Според него, доколку постои европски консензус дека нема да има дополнителни условувања, тоа треба да биде формализирано во заклучоци и да се продолжи со разговори во нова фаза.

    Мицкоски нагласи и дека Владата останува посветена на реформската агенда и на дијалогот со Европската Унија, но инсистира на испорака и од другата страна во процесот.

    Во однос на можноста за трилатерална средба, премиерот истакна дека Владата е подготвена за разговори, но дека е потребна јасна координација за форматот и учесниците.

    „Подготвени сме да разговараме, но треба однапред да се знае каде и со кого“, изјави тој.

    По средбата со Кошта, премиерот ќе одржи тет-а-тет разговор, по што ќе следи состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција во Владата.

    Посетата на Кошта е дел од неговата турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која ќе учествува и на самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. Тој ќе разговара за проширувањето, регионалната соработка и безбедносните предизвици во регионот.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.