Општина Ѓорче Петров е домаќин и партнер на состанокот на UrbanGreenLeap, проект во рамки на програмата Interreg Euro-MED на кој се разменуваат искуства и идеи за позелени градови и поквалитетни јавни простори.
-Нашиот пилот-простор во Волково го планираме како мултифункционално и достапно место за сите. Во неговото создавање ќе учествуваат експерти, локални чинители и, најважно, граѓаните што ќе го користат. Искуството од Волково ќе ни помогне подобро да го планираме зеленилото низ целата општина- објави градоначалникот Александар Стојкоски.
Проектот се реализира со партнери од Словенија, Грција, Хрватска, Црна Гора Италија и Шпанија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
