Од денеска, предвремено почна грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Иако, согласно регулативата радијаторите треба да се загреат од 15 октомври, студеното време во овие неколку дена ги вклучи топланите во Скопје. Од снабдувачот посочуваат дека сè до 15 октомври, на нивната веб-страницата секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

