Построгите правила во сообраќајот освен што воведоа повеќе ред на улиците, предизвикаа, односно покажаа и една друга состојба во Македонија. Некои граѓани едноставно не прифаќаат да бидат казнувани.
Па така синоќа, граѓани, главно од ромската заедница, протестираа во неколку града, поради одземањето на нивните нерегистрирани возила, кои плус ги возеле без положен возачки испит. Осилени дека не треба да бидат казнувани тие во Битола дури го блокираа и магистралниот пат кон Ресен палејки гуми. Редеа и закани ако не им се вратат возилата кои им требале.
Дел од учесниците на протестот дури побараа МВР да им даде возачки дозволи без да полагаат испит.
Пред некој ден пак, политичарот Зијадин Села по втор или трет пат негодуваше од „Сејф Сити” укажувајки дека бил повеќе настроен кон македонските Албанци и дека е непримерно бројот на камери во Чаир да е толку голем.
Како на сето ова ќе постапи МВР останува да се види. Но македонските граѓани веќе бурно реагираат на социјалните мрежи. Тие укажуваат дека предолгото институционално толерирање на одделни граѓани поради мир во куќа или заради изборно гласање сега довело до тоа токму тие да бараат да не бидат казнувани.
Зарем во Македонија законите треба да важат само за Македонците, е често прашање од синоќа на социјалните мрежи.







