Гори во кругот на поранешната депонија Вардариште, а „горат“ и жителите на општина Аеродром, кои на високите температури, веќе два часа се без електрична енергија.
Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информира дека денеска од 12:00 часот во Вардариште се запалила сува трева и отпаден материјал, што се уште се гаси.
Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
