Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Пожарот кај Драгов Дол се намалува, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково
    Република

    Пожарот кај Драгов Дол се намалува, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

    17/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија остануваат активни четири пожари, иако во текот на ноќта се изгаснати дури 21 од вкупно 25 пожари регистрирани вчера. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека пожарната состојба и понатаму е сериозна, но на дел од жариштата има значително подобрување.

    Пожарот кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод е значително намален и се очекува наскоро целосно да биде локализиран. Вчера во неговото гаснење учествуваа полициски хеликоптер и три противпожарни летала, со чија помош беа изгаснати повеќе краци од огнот. Активен останува само еден дел на карпест и тешко пристапен терен, но според надлежните, ниту едно населено место не е загрозено.

    Посериозна е состојбата во Велешко, каде пожарот што започна кај селото С’лп се прошири кон атарите на Добриново и Тисовица во Општина Зелениково. Велешките пожарникари се концентрирани на заштита на селата, а утрово работеле на создавање одбранбена линија низ густите грмушки за да го запрат ширењето на огнот. Во овој предел главно гори нискоквалитетна шума, грмушки и трње.

    Активен останува и пожарот кај Рамни Габер во Општина Студеничани, каде огнот зафати ниска шума, грмушки и сува вегетација. Дополнителен проблем претставува исклучително непристапниот терен, поради што интервенцијата е значително отежната. На терен се ангажирани екипи од скопската противпожарна бригада.

    Пожарот над селото Копанце во Општина Јегуновце сè уште е активен, а еден негов крак се движи кон селото Бојане во Општина Сарај. Според надлежните, засега нема непосредна опасност за населените места.

    Активен е и пожарот на депонијата во Кратово, каде се очекува затрупување на депонијата за да се намали чадот и ширењето на непријатната миризба.

    Центарот за управување со кризи информира и за пожар во населбата Балканска во Штип, каде гори ниска вегетација, додека под контрола се пожарите кај селото Железница во Општина Кратово и на депонијата во Делчево.

    Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, повторно апелираше граѓаните да не палат оган на отворено. Тој објави фотографија од огниште покрај реката Треска, опкружено со сува трева, грмушки и борова шума, предупредувајќи дека и најмала искра може да предизвика нов голем пожар.

    Поврзани вести:

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.