Пожар избувнал во објект на улицата „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром во раните утрински часови на 20 октомври.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 2:40 часот по полноќ, по што веднаш била испратена екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Пожарникарите интервенирале на терен и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, со што било спречено негово понатамошно ширење.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот излегле и полициски службеници од СВР Скопје, кои извршиле проверки и презеле мерки за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
