Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата. Според полициското соопштение, итните служби биле повикани на адреса во градот по дојава за пукање. На местото на настанот биле затекнати три мртви лица – две жени и еден маж, а уште еден маж е пренесен во болница во тешка, но стабилна состојба.
Напаѓачот е во бегство, а полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат таа област, а локалните жители да останат во своите домови.
Сиднеј Морнинг Хералд пишува дека се сомнева оти станува збор за напад поврзан со семејно насилство.

