44-годишен работник од скопското село Никиштане е пренесен во болница со тешки повреди откако се повредил за време на извршување работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија во центарот на Скопје. Инцидентот се случил вчера кога од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” ја известиле полицијата дека кај нив е донесен повредениот работник.
Од полицијата велат дека случајот е пријавен и дека за настанот е известен надлежен трудов инспектор, кој треба да утврди дали биле почитувани сите безбедносни протоколи при извршувањето на работните задачи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
