Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата се ставени на располагање на националниот систем за справување со летните пожари.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека годинава државата е најподготвена досега и дека доброволните сили за првпат ќе бидат обединети под единствена команда.
Тој истакна дека тимовите за брз одговор ќе ги сочинуваат исклучиво членови на доброволните противпожарни друштва.
Дополнително, доброволните пожарникари ќе добиваат дневен надоместок за секој ден кога ќе бидат ангажирани во интервенции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
