Има два нови случаи покрај петнаесетте веќе затруени младинци кои јаделе во киоск-сендвичарницата во Штип која викендов беше времено затворена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Досега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана ‘Salmonella enteritidis’. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на ИЈЗ во Скопје“, вели епидемиологот Светлана Живкова во изјава за МИА.
Резултатите од земените примероци сè уште се чекаат.
АХВ во неделата информира дека привремено е затворена киоск-сендвичарница во Штип откако пет лица пројавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
