Поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за регулирање на движењето на возилата на поширокото централно подрачје на главниот град.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел посетата да помине безбедно и непречено.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
