Против поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Сијарто е поднесена кривична пријава поради сомневање за примање поткуп, објави унгарскиот портал „Индекс“. Пријавата ја поднел унгарски активист, а обвинителството ја проследило до надлежната полициска станица во
Будимпешта за понатамошна истрага.
Од обвинителството соопштиле дека доставените информации „може да укажуваат на примање поткуп“, но засега нема покренато обвинение.
Сомнежите се поврзани со неговото именување на висока функција во кинеската автомобилска компанија BYD, откако Унгарија започна истрага за државните субвенции доделени на производителот на електрични возила.
Сијарто се вработил во компанијата по оставката од пратеничката функција на 15 јули, со што го изгубил и пратеничкиот имунитет. Доколку истрагата резултира со обвинение и биде прогласен за виновен, според унгарското законодавство може да се соочи со затворска казна до три години.
