Поранешниот британски министер Питер Манделсон се повлекува од Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите.
Манделсон, кој, минатата година беше сменет од функцијата британски амбасадор во САД по откритијата за неговите врски со Епштајн, претходно беше клучен во изборната победа на Тони Блер кој беше премиер на почетокот на 1990-тите.
Тој ја извршуваше и функцијата комесар на Европската комисија за трговија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
