Бирото за криминални истраги на Минесота се повлекува од истрагата за агент на американската Имиграциска и царинска служба, кој смртно застрела 37-годишна жена, откако Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда на САД ја прекинале соработката во случајот, известуваат од таму.
„Без целосен пристап до доказите, сведоците и собраните информации, не можеме да ги исполниме истражните стандарди што ги бараат законите на Минесота и јавноста“, се наведува во соопштението на Бирото за криминални истраги.
Не се соопштуваат дополнителни детали за причините поради кои федералните институции ја прекинале соработката, ниту за понатамошниот тек на постапката.

