Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Поднесено обвинение за палењето на возила пред бугарската Амбасада во Скопје
    Република

    Поднесено обвинение за палењето на возила пред бугарската Амбасада во Скопје

    16/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривичното дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“, поради палење возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

    Според обвинението, инцидентот се случил на 15 јуни околу 12:05 часот, кога обвинетиот со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

    Обвинителството наведува дека претходно на бензинска пумпа во близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин, по што се упатил кон дипломатското претставништво. Таму, според обвинението, ги полеал со бензин и ги запалил паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, а потоа го напуштил местото на настанот.

    Заедно со Обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката притвор, оценувајќи дека и натаму постои опасност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот и да ја попречува кривичната постапка.

    При предлогот за продолжување на притворот, обвинителството ги земало предвид тежината на делото, висината на предвидената казна, како и околностите поврзани со безбедноста и правата на лица под меѓународноправна заштита, меѓу кои и дипломатски претставници.

    За кривичното дело што му се става на товар, според Кривичниот законик, е предвидена казна затвор од најмалку една година.

    Поврзани вести:

    Македонија ќе ги подобрува условите во казнено-поправните установи со европски заем

    Македонија ќе ги подобрува условите во казнено-поправните установи со европски заем

    30 училишта добиваат нови спортски услови, инвестицијата вредна 3 милиони евра

    30 училишта добиваат нови спортски услови, инвестицијата вредна 3 милиони евра

    Одбраната во случајот „Онкологија“ бара одговор дали вештаците добиле целосна документација

    Одбраната во случајот „Онкологија“ бара одговор дали вештаците добиле целосна документација

    Нема криење на бодовите за студентските домови, ранг-листите се транспарентни, кажа Јаневска

    Нема криење на бодовите за студентските домови, ранг-листите се транспарентни, кажа Јаневска

    ЦУК: Нема активни пожари во Македонија, 11 се изгаснати

    ЦУК: Нема активни пожари во Македонија, 11 се изгаснати

    Денеска сончево со облаци, темепратурата до 29 сетепени

    Денеска сончево со облаци, темепратурата до 29 сетепени

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија ќе ги подобрува условите во казнено-поправните установи со европски заем

    16/09/2026

    30 училишта добиваат нови спортски услови, инвестицијата вредна 3 милиони евра

    16/09/2026

    Одбраната во случајот „Онкологија“ бара одговор дали вештаците добиле целосна документација

    16/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.