Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Поднесена пријава, скопјанец предизвикал опасност за животот на италијански државјанин
    Хроника

    Поднесена пријава, скопјанец предизвикал опасност за животот на италијански државјанин

    20/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик против 30-годишен скопјанец.

    Тој на 14 ноември на булеварот „Партизански одреди” и околните улици, со општоопасно средство, предизвикал значителна опасност за животот и телото на италијански државјанин. Оштетениот управувал автомобил „Алфа Ромео Тонале“, со италијанска регистарска ознака, во кое била и неговата девојка.

    Кога се обидел да се престрои во левата коловозна лента, осомничениот, управувајќи возило „Алфа Ромео 147“ со скопски ознаки, ги претекнал со голема брзина, па неколку пати нагло кочел и застанувал. Кога двете возила свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот со своето возило правел нагли промени на коловозните ленти, го следел возилото на оштетениот и постојано нагло застанувал пред него, со што предизвикувал сообраќаен хаос.

    Оштетениот се обидувал да избегне судар со возилото на осомничениот, но на улицата „Народен фронт“, осомничениот се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од возилото. Кога оштетениот застанал за да повика полиција, осомничениот се приближил со своето возило и фрлил тврд предмет кон нив, извикал нешто неразбирливо и се оддалечил од местото на настанот.

    Заради обезбедување присуство на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, а имајќи ја предвид реалната опасност од бегство или од повторување на кривичното дело спрема оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.