Царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата, соопшти Царината.
Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.
Прекршокот е снимен со телесни камери.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
