Денеска почнува Европското првенство во ракомет што ќе трае до 1 февруари. Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска, а на турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации.
Својот прв натпревар македонската репрезентација ќе го имаат утревечер во 20:30 часот против кодомаќинот Данска. Во нашата група се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг.
За избраниците на Кирил Лазаров ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат, а најдобар пласман беше остварен на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
