Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици
    Република

    Почнува августовскиот рок за државната матура, пријавени над 1.300 ученици

    12/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Августовската испитна сесија за екстерните испити од државната матура започнува денеска, а полагањето ќе продолжи и во петок (14 август), со почеток во 9 часот.

    Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во августовскиот рок се пријавени 1.328 ученици за државна матура, 126 за стручна матура и шест кандидати за уметничка матура.

    Денеска кандидатите ќе го полагаат изборниот екстерен предмет – математика или англиски јазик. За германски, француски, италијански и руски јазик, како и за предметот историја, нема пријавени кандидати во оваа испитна сесија. Во петок ќе се полага задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература.

    Поради значително помалиот број пријавени во однос на јунската сесија, полагањето ќе се организира во четири градови на осум локации. Испитите ќе се одржат на Економскиот, Градежниот и Педагошкиот факултет во Скопје, како и на факултети во Тетово, Прилеп и Штип. Од средните училишта, единствена локација ќе биде спортската сала на АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, каде ќе полагаат ученици од повеќе училишта. ДИЦ веќе објави список со распоредот на кандидатите по локации.

    Меѓу пријавените има и 226 матуранти на кои им беше поништен испитот во јунската сесија. Дел од нив беа фатени како препишуваат за време на полагањето, додека кај други неправилностите биле утврдени при проверката на тестовите.

    Просечната оценка од јунската испитна сесија изнесува 3,66. Просекот за државната матура е 3,62, за стручната 3,91, а за уметничката 3,59.

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска-Михајловска, оценија дека резултатите покажуваат стабилен квалитет, бидејќи просекот е речиси идентичен со минатогодишниот, кога изнесуваше 3,69, за разлика од 2024 година, кога беше 3,26.

    Јаневска истакна дека годинава за првпат целосно се применува новата Концепција за матура, која предвидува три вида завршни испити, овозможувајќи учениците да бидат оценувани според програмите што реално ги изучувале во текот на средното образование.

    Во јунската сесија беа пријавени 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. На испитите не се појавиле 348 кандидати, што претставува 2,39 проценти од пријавените.

    По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, односно 2,86 проценти од вкупниот број матуранти. Дел од нив биле прифатени, а увид во тестовите побарале 133 ученици.

    Поврзани вести:

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.