Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Почна судењето за серијата убиства во Кумановско, обвинетиот молчеше пред судот
    Хроника

    Почна судењето за серијата убиства во Кумановско, обвинетиот молчеше пред судот

    09/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со тензична атмосфера и неочекуван развој започна првото рочиште од судскиот процес против Трајко Бојковски, обвинет за серија убиства и обиди за убиства на повозрасни жени во кумановскиот регион.

    На почетокот на судењето во Основниот кривичен суд во Куманово, обвинетиот не воспоставил никаква комуникација со судот. Тој не го погледнал судијата, туку постојано гледал кон таванот и не одговорил ниту на прашањето за утврдување на неговиот идентитет.

    Поради ваквата ситуација, судијата одредил десетминутна пауза за да се процени дали постојат услови постапката да продолжи. За време на паузата, Бојковски ја спуштил главата, ги ставил рацете на слепоочниците и продолжил да молчи.

    Во судницата присуствувале и членови на семејствата на жртвите, од кои дел реагирале дека обвинетиот, според нив, „се преправа“. Негов бранител е адвокатот Драган Трајковиќ.

    На рочиштето присутни беа и полномошниците на семејствата на оштетените – Јанка Антевска, Мира Станковска, Марија Мариновска и Росанка Трајковска.

    Обвинителството во Куманово на 19 јуни поднесе обвинителен акт против Бојковски од Старо Нагоричане, кој се товари за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени. За делата што му се ставаат на товар е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

    Според Обвинителството, психијатриските вештачења извршени во текот на истрагата покажале дека кривичните дела биле сторени од ниски побуди.

    Обвинението ги опфаќа убиствата во селата Клечовце, Драгоманце, Старо Нагоричане и Челопек, како и два случаи на обид за убиство.

    Бојковски беше спроведен од притвор во судницата, а по паузата судот треба да одлучи дали и под кои услови ќе продолжи судската постапка.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.