Скопје ќе добие нова важна сообраќајница. Вчера почна првата фаза од долгоочекуваниот и најавуван проект булеварот кој ќе се поврзе со долгонајавуваната подземна сообраќајница под „Дајмод мол”.
Реализацијата требаше да почне уште во времето на кога со Градот раководеше Коце Трајановски, а оваа преземена обврска при изградбата на трговскиот центар ја преспаа и Петре Шилегов и Данела Арсовска.
Сегашниот градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски во обид до крајот на неговиот мандат да се заврши овој потребен проект за растеретување на сообраќајот во тој дел од центарот на Скопје.
„Рокот на изведба на првата фаза е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза која ќе подрзабира два нови кружни текови и влез во подземната сообраќајница. Оваа фаза опфаќа и проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор, изјави вчера Ѓорѓиевски.







