Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Почина актерот Чак Норис
    Свет

    Почина актерот Чак Норис

    20/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Чак Норис, легендарниот мајстор на боречки вештини и неуништлив херој на акционите филмови и култната серија „Вокер, Тексашкиот ренџер“, почина на 86-годишна возраст.

    Тажната вест ја потврди неговото семејство во петокот, откако актерот беше хоспитализиран на Хаваи еден ден претходно.

    Холивудската икона, која беше синоним за боречка правда и непобедливост за генерации гледачи, почина во четвртокот на Хаваи на 86-годишна возраст. Чак Норис остави зад себе богато филмско и телевизиско наследство, а неговото семејство во емотивна изјава дека тој живеел со цел и непоколеблива посветеност на оние што ги сакал.

    Во емотивно обраќање, семејството наведе дека Норис бил опкружен со најблиските во последните моменти и дека заминал во мир.

    „За светот, тој беше боречки уметник, актер и симбол на сила. За нас, тој беше посветен сопруг, грижлив татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство“, се наведува во пораката.

    Тие додаваат дека неговиот живот бил воден од вера, цел и непоколеблива посветеност кон луѓето што ги сакал, а преку својата работа, дисциплина и човечност инспирирал милиони ширум светот.

    Семејството истакнува дека, иако нивните срца се скршени, чувствуваат длабока благодарност за животот што го живеел и за спомените што ги споделиле со него. Особено ја нагласуваат поддршката од обожавателите, кои, како што велат, за Норис не биле само публика, туку пријатели.

    Во пораката се споменува и неговата неодамнешна хоспитализација, за која јавноста веќе беше информирана, при што семејството се заблагодарува за молитвите и поддршката што пристигнувале од целиот свет.

    На крајот, тие апелираат за приватност во овие тешки моменти.

    Тој беше виден пред само неколку дена во објава на социјалните мрежи на 10 март – неговиот 86-ти роденден – како се бори со противник на Хаваи, со пораката: „Не стареам… Напредувам“.

    Иако не беше активен во глумата, Чак остана популарен на социјалните мрежи, каде што обожавателите сè уште споделуваат бројни мемиња за неговата легендарна сила.

    Роден во Оклахома во 1940 година, Норис служел во воздухопловните сили на САД од 1958 до 1962 година. Во текот на својот живот бил двапати женет и имал пет деца, меѓу кои актерот Мајк Норис и возачот на НАСКАР Ерик Норис.

    Поврзани вести:

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    21/10/2026

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    21/10/2026

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.