Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда предупреди дека „ниту едно пристаниште во Заливот и Оманското Море нема да биде безбедно“ по одлуката на САД да воведат блокада на сообраќајот што влегува и излегува од иранските пристаништа во Ормускиот теснец, јави Анадолу. Во соопштението се додава и дека безбедноста на пристаништата во регионот „или е за сите или за никого“.
Иранските вооружени сили посочуваат дека „одбраната на законските права на земјата е природна и легитимна должност“, додавајќи дека остварувањето суверенитет над територијалните води е природно право на иранскиот народ.
Според Републиканската гарда, „бродовите поврзани со непријателот“ ќе имаат забрана за премин низ Ормускиот теснец, додека останатите ќе можат да минуваат според правилата поставени од Техеран.
„Ограничувањата што ги наметнаа криминалните САД врз поморскиот сообраќај во меѓународни води се незаконски и претставуваат пиратство“, се додава во соопштението.
Вашингтон претходно објави дека блокадата на иранските пристаништа ќе стапи на сила денеска во 16 часот.
Потегот на САД следува откако двете страни во саботата одржаа ретки директни разговори во Исламабад со цел да го прекинат конфликтот што започна на 28 февруари по заедничка американско-израелска офанзива врз Техеран.

