Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»По 24 часа борба, спасени куќите во Лознани – надлежните се сомневаат дека пожарите се подметнати
    Хроника

    По 24 часа борба, спасени куќите во Лознани – надлежните се сомневаат дека пожарите се подметнати

    14/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По повеќечасовна непрекината интервенција, пожарот кај селото Лознани, на границата меѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не претставува директна опасност за куќите, информираа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, и командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Христијан Тодоровски.

    Тодоровски посочи дека пожарникарите во текот на денот се соочиле со исклучително тешки услови, откако огнената стихија се ширела на повеќе локации.

    „Најпрвин имавме дојава за пожар кај прилепското село Маково. Почнавме таму да интервенираме, потоа се појави пожар во месноста Ергела кон селото Гнеотино, а во вечерните часови се разгори пожарот кај Лознани. Цел ден работевме на негово локализирање и успеавме да го ставиме под контрола“, изјави Тодоровски.

    Тој нагласи дека најголема опасност постоела за селата Лознани и Новоселани, каде што огнот се приближил до куќите, но благодарение на напорите на пожарникарите и жителите, домовите биле спасени.

    „Имавме премногу тешка борба. Беа загрозени куќи, но успеавме да ги спасиме. Во моментов активен е пожарот кон селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани“, додаде командирот на битолските пожарникари.

    И директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, оцени дека била спречена голема катастрофа.

    „Во голема опасност беше селото Лознани, но благодарение на пожарникарите од Битола и локалните жители спречена е голема катастрофа. Постои опасност огнот од задната страна да загрози друго село“, изјави Ангелов.

    Двајцата надлежни изразија сомнеж дека дел од пожарите се намерно предизвикани.

    „Се сомневаме дека пожарите биле подметнати бидејќи се движеа од различни страни, како намерно за да не може службите навреме да стигнат“, рече Тодоровски.

    Покрај пожарот кај Лознани, во текот на вчерашниот ден во земјава биле активни уште десет пожари на отворен простор.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.