Во СВР Тетово вчера во 15:10 часот, 75-годишен жител на тетовско пријавил дека бил измамен од лице од Тетово за сума од 2.000 евра.
Според пријавата, во октомври 2025 година тој склучил договор со лицето за изработка на собни врати и договорената сума ја исплатил како капар. Меѓутоа, услугата не била реализирана.
Како што изјавил оштетениот, по неколку телефонски разговори во кои му било ветувано дека вратите ќе бидат изработени, лицето подоцна станало недостапно и престанало да одговара на повиците.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
