Демонтирање на сите нуклеарни капацитети, затворање на нуклеарните постројки, како и пристап на Меѓународната агенција за атомска енергија до сите информации поврзани со иранската програма, се дел од Планот од 15 точки што САД со помош на пакистански дипломати го испратил до Иран. За возврат би биле укинати сите санкции и Иран би добил помош за развој на цивилна нуклеарна програма.
Иранската армија со потсмев го искоментира овој план, наведувајќи дека САД всушност преговара самата со себе. Раководството на Иран претходно изјави дека не може да преговара со САД бидејќи двапати ја нападна земјата во последните две години за време на разговори, а воедно бара прво да и се плати оштета за бомбардирањата и гаранции дека нема пак да бидат нападнати.
Од САД велат дека ова е нереално барање.
Во меѓувреме светски лидери повикуваат на брзо мирно решавање на воениот конфликт, а притисок врз претседателот Доналд Трамп за запирање на војната има и во самата негова држава.
