Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град”, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски. Ова го истакна денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски презентирајќи како доказ и фотографија.
Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, рече Петрушевски, дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч, и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност.
Тој воедно потсети дека Спасовски и неговата партија гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град” во Собранието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
