Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски, денеска потпиша договор со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во вредност од 30.168.000 денари. Станува збор за договор за изградба на нов дом на културата кој треба да се гради во населеното место Петровец ,на место на поранешната општинска зграда ,веднаш до новата општинска зграда. Веднаш ќе се отпочне со припрема на тендерската документација,а се очекува некаде кон крајот на месец август да се започне со изградба на објектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


